ОДДЕЛ ЗА АНЕМИИ

Раководител на оддел за анемии  Насл.доц.Д-р Спец. интернист - хематолог  Сања Трајкова 
Советник на директор одговорен за овој оддел е Проф. Д-р Оливер Каранфилски.

Локација на оддел и работно време: Одделот се наоѓа на први спрат на Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија. 

Работното време е од 8-15 часот, но на стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделението располага со 4 легла за згрижување на пациенти кои имаат потреба од терапија во стационарни услови. 

Основни цел:  Вработените на одделот секојдневно обезбедуваат максимална медицинска грижа и нега на пациентите кои имаат потреба од стационарно лекување. Одделот  за диференцирање и лекување на анемии обезбедува дијагностика и третман на пациенти со анемичен синдром особено на оние пациенти со  апластична анемија, хемолитични анемии кои задолжително се третираат  стационарно во болнички услови. 

Наша примарна цел е да понудиме најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди квалитет, најдобри тераписки резултати и излекување на пациентите со хематолошки заболувања. Секако постојано сме насочени кон подобрување на стандардот и условите на стационарно лекување, настојуваме да се одржи чекор со најсовремените дијагностички и тераписки процедури и протоколи, да се овозможи интердисциплинарна соработка и постојана едукација на стручниот и техничкиот персонал. 

Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.