БОЛНИЧКА АПТЕКА

Раководител: М-р Фарм. Марија Пендовска (+38975430349;   marijapendovska@hematologija.org.mk)
Локација на Болничка аптека и работно време: Болничката аптека е сместена во рамките на зградата на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија.

Работно време е од  понеделник до петок,  од 8-15 часот. Располага со  магацински простории каде соодветно на температурните потреби се складирани лекови и потрошни медицински материјали. 

Основни цели:  Болничка аптека при Клиниката за хематологија во Скопје на 19.02.2009г врз основа на дозволата за вршење на здравствена фармацевтска дејност од  Агенцијата за лекови-МАЛМЕД е регистрирана во Централен регистар на Р.М.  

Болничката аптека врши прием од добавувачи, складирање во магацинските простории, издавање кон одделите и соодветно евидентирање на лековите и медицинските потрошни материјали. Соодветно на потребите за лекови, а во координација со раководителите на одделите и стручниот колегиум, се изготвуваат годишни планови, технички спецификации и месечни требовања  со основна цел да се обезбеди терапија за пациентите со хематолошки  малигни и немалигни заболувања. 

Во Болничката аптека се спроведува и редовна практична едукација на студентите по фармација. 

Во Болничката аптека се почитуваат правните прописи регулирани според  Законот за лекови и медицински средства, препораките од Агенцијата за лекови-МАЛМЕД, болничка фармација-Фармацевтска комора и онколошка фармација-МФД, како и препораките од European Association of Hospital Pharmacists (EAHP)  и  European Society of Oncology Pharmacy(ESOP).

Визија: Употреба на софтверски решенија во логистика, требовања, контрола на терапевтски листи,индивидуализирана подготовка на терапија и  реконсилација со цел спроведување на клиничка фармација, што ќе придонесе до подобрување и оптимизација на терапевтската ефикасност, безбедност и следливост.