ДНЕВНА БОЛНИЦА

Раководител: Раководител на оддел дневна болница Д-р Спец.интернист - хематолог   Мартин Ивановски 
Советник на директор одговорен за овој оддел е Проф.д-р Александар СтојановиЌ

Локација на дневната болница и работно време: Дневната болница е сместена во рамките на зградата на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија, на приземје со посебен влез.  

Работно време е организирано во две смени, од  понеделник до петок, од 9-18.30 часот .   

Во Дневна болница ординират самостојно сите субспецијалисти хематолози вработени на Клиниката. Секој пациент има свој термин , согласно закажувањето во “ Мој Термин“. 

Основни цел: Дневна болница при Клиниката за хематологија во Скопје е оддел каде се спроведува дијагностика, терапија и долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања.

Цел на работата на Дневна болница е пред се обезбедување на повисок степен на квалитет на живот кај хронични болни кои немаат потреба од  хоспитализација . 
Пациентите во Дневна болница според дијагнози можат да се поделат во неколку групи со одредени свои специфики:

Малигни лимфоми (Ходгкин-ови и не-Ходгкин-ови лимфоми), спроведување на дијагностика (лабораторија, биопсија на коскена срцевина, стејџинг процедура), хемотерапија според прифатени протоколи, редовна контрола до 5 години после хемотерапијата.

Хронични лекуемии (миелоична и лимфоцитна), дијагностика, аспирација и биопсија на коскена срцевина, дополнителни снимања, генетски иследувања, флоуцитометрија, хемотерапија и доживотна контрола.

Мултипен миелом, дијагностичка процедура со аспират и биопсија на коскена срцевина, дополнителни снимања, хемотерапија и супортивен третман, доживотна контрола.

Миелодиспластични синдроми со дијагностичка процедура, супортивна терапија, хемотерапија и доживотна контрола.

Миелопролиферативни заболувања (полицитемија, миелофиброза, есенцијална тромбоцитемија и др.), со дијагностичка процедура, аспират и биопсија на коскена срцевина, хемотерапија, редовни и доживотни контроли.

Пациенти со претходно напаравена автологна или алогена трансплантација на матични клетки се контролирааат и лекуваат од соодветен тим на субспецијалисти.

Апластична анемија, спроведување на дијагностичка процедура, супортивен третман, редовна и доживотна контрола.

Автоимуни хематолошки заболувања (имуна анемија, имуна тромбоцитопенија), со спроведување на дијагностичка процедура, имуносупресивна терапија, редовни и долготрајни контроли.

Вродени хемолитички анемии (таласемии и микросфероцитози), спроведување на дијагностички постапки, регуларна трансфузиона терапија, спроведување на хелациона терапија и доживотни контроли.

Хемофилија и други хеморагични синдроми (вродени и стекнати), спроведување на диференцијално дијагностички процедури, супституциона терапија и доживотна контрола.

Во Дневна болница се спроведува и редовна практична едукација на студинтите по медицина, специјализантите по интерна медицина и студентите на високи медицински школи.
Во работата на Дневна болница се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.