ЈЗУ УК за ХЕМАТОЛОГИЈА е самостоен правен субјект за специјализирана медицинска нега и грижа кој единствена во Република Северна Македонија oбавува секундарна и терциерна специјалистичко-консултативна и тециерна болничко здравствена заштита од областа на хематологијата.
Клиниката е специјализирана установа која обезбедува квалитетни и достапни здравствени услуги од областа на хематологијата, првенствено за граѓаните на РС Македонија. Стручниот тим постојано ги унапредува дијагностичките и терапевтските методи во согласност со медицина базирана на докази. (медицина базирана на докази)
ЈЗУ УК за ХЕМАТОЛОГИЈА во своето делување ги применува следните принципи:
ЈЗУ УК за ХЕМАТОЛОГИЈА ги применува следните методи на работа:
Клиниката промовира едукативна и научно истражувачка дејност во правец на врвна стручна грижа за хематолошките болни.
Услугите кои им ги обезбедува на пациентите по својот обем и квалитет се на ниво на светските научни достигнувања во областа на хематологијата
Експертскиот тим на Клиниката е составен од универзитетски професори, субспецијалисти хематолози и специјалисти интернисти.
МИСИЈА
Нашата мисија е да обезбедуваме високо стандардизирана здравствена заштита и грижа за хематолошки болни и спроведуваме најсовремени дијагностички и терапевтски стандарди и модалитети во согласност со медицината базирана на докази.
ВИЗИЈА
Нашата визија и стратешка определба е да станеме регонален центар и лидер во дијагностика, лекување и згрижување на хематолошки болни.
ВРЕДНОСТИ
Грижа за пациентот
Институционална култура
Професионана ориентираност
ОПШТИ ПОДАТОЦИ
Јавната здравствена установа УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА Скопје, основана е од Владата на Република Северна Македонија, со цел да обезбеди во прв ред болничка и вонболничка здравствена заштита на граѓаните од целата територија на Република Северна Македонија.
Клиниката е сместена во градот Скопје, на бул.Мајка Тереза бр.17, близу до центарот на градот.
Современите дијагностички и тераписки можности ја чинат Клиниката регионален центар кој згрижува пациенти со малигни хематолошки заболувања и од соседна Република Косово .
Работата на Клиниката е организирана во три организациони делови:
Медицинскиот дел е организиран во единаесет оддели.
Највисок орган на Клиниката е управен одбор составен од пет лица (тројца надворешни членови и двајца внатрешни членови).
Со клиниката и координацијата на активностите во Клиниката раководат двајца директори:– медицински директор и организациски директор.
Оформен е и делува Стручен колегиум, составен од двајцата директори, раководителите на организациските единици, фармацевтот и главната медицинска сестра.