ОДДЕЛ ЗА ИМУНОХЕМАТОЛОГИЈА

Раководител: Проф.Др.Ирина Пановска Ставридис (+389023111749; ukhematologija@zdravstvo.gov.mk)

Локација на одделот и работно време: кабиентот е сместен во рамките на зградата на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија. 
Работно време е од  понеделник до петок од 8-15часот. Лабораторијата не работи за време на викенд и празници, но примероците можат да бидат примени од персоналот кој е на должност за време на викенд и празник.

Основни цели: Кабинетот за имунохематологија е единствен центар за флоуцитометрија и имунохематологија во Република Македонија. Пружа услуги и за пациенти од Република Косово. Опремен е со FACS Canto II(BD-Biosciensies, San Jose, CA, USA)-2 ласери, 4 бои, анализа и аквирирање на податоците е со компјутерски софтвер FACSDiva TM. (слика од апаратот)
Наша примарна цел е да понудиме најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди квалитет, интердисциплинарна соработка и континуирана едукација на медицинскиот, научниот и техничкиот персонал.

Проточно-цитометриски анализи: Имунофенотипизација на периферна крв и коскена срцевина, цереброспинална течност и други биолошки течности во тек на дијагностичка постапка или мониторирање на минималната резидуална болест кај хематолошките заболувања. Проточно цитометриски анализи кои се вршат се: 

  • Имунофенотипизација кај акутна леукемија (лимфобласна,  миелобласна);
  • Дијагностички иследувања кај лимфопролиферативни заболувања(Не-Хочкинов лимфом, ХЛЛ, Влакнесто клеточна леукемија);
  • Дијагностички иследувања кај мултипен миелом;
  • Одредување на CD4+, CD8+клетки во проценти и нивни сооднос,  CD4/ CD8 однос;
  • Одредување на лимфоцитни субсетови; 
  • Минимална резидуална болест кај акутни леукемии;
  • CD34 квантификација при автологна и алогена трансплантација на периферни матични клетки
  • Одредување на Б и Т клеточни суб-сетови во периферна крв 

Примероци: Секој примерок мора да биде  со одбележано име и презиме на пациентот, дата на колекцијата. Примерокот за проточна цитометрија  од периферна крв и коскена срцевина се користи од епрувета со EDTA антикоагулант, а биолошките течности во епрувета со хепарин антикоагуланс. Примероците за проточна цитометрија  се достават во кабинетот за проточна цитометрија  во период од  8 до 11 часот, истите   се чуваат на температура од 2-8 0С. Количината на полна крв, коскена срцевина потребна за проточно цитометриска анализа е 4мл и најмалку 0,5мл од другите биолошки течности. Издавање на резулат е до 5 работи дена.