ОДДЕЛ ЗА ВРОДЕНИ КОАГУЛОПАТИИ И СТЕКНАТИ НАРУШУВАЊA НА ХЕМОСТАЗАТА

Раководител на Одделoт за вродени коагулопатии и стекнати нарушувањa на хемостазата: Вон.Проф. Д-р Габриела Костова
Советник на директорoт одговорен за одделo: Проф.д-р Лидија чевреска 

Локација на одделoт и работно време: Одделот се наоѓа на првиot спрат од Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија. 

Работното време е од 8-15 часот, но на стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделот располага со 4 легла за згрижување на пациентите кои имаат потреба од терапија во стационарни услови. 

Вработените на одделот секојдневно обезбедуваат максимална медицинска грижа и нега на пациентите кои имаат потреба од стационарно лекување. Одделот  ги згрижува пациентите со вродени и стекнати коагулопатии, хеморагични синдроми, како и тромботични компликации од хематолошка етиологија. 

Нашата основна задача е да понудиме квалитетна медицинска услуга nа пациентите со цел да се обезбедat врвни тераписки резултати. Pостојано сме насочени кон подобрување на стандардот и условите за лекување и настојуваме да одржиме чекор со најсовремените дијагностички и тераписки процедури преку постојана едукација на стручниот и техничкиот персонал и интердисциплинарна соработка. 

Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на eтичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.