ОДДЕЛ ЗА МАЛИГНИ ХЕМОПАТИИ

Раководител на оддел Науч. Совет. Д-р Спец. интернист - хематолог Светлана Станковиќ
Советник на директор одговорен за овој оддел е Проф.д-р Лидија Чевреска

Локација на оддел и работно време: Одделот се наоѓа на први спрат на Клиниката за Хематологија заедно со останатите стационарни одделенија. 

Работното време е од 8-15 часот, но на стационарните одделенија е овозможена нега и грижа на пациентите во тек на 24 часа во тек на работните денови и викенди од страна на организирана дежурна служба составена од доктор, медицинска сестра и болничар. Одделението располага со 8 легла за згрижување на пациенти кои имаат потреба од терапија во стационарни услови. 

Основни цел:  Вработените на одделот секојдневно обезбедуваат максимална медицинска грижа и нега на пациентите кои имаат потреба од стационарно лекување. На одделот се врши дијагностика и терапија на бенигни и малигни хематолошки заболувања. 

Одделот за малигни хемопатии е задолжен за дијагностика и терапија на цел спектар на малигни хематолошки заболувања: акутни леукемии, лимфопролиферативни заболувања, миелопролиферативни заболувања, мултипен миелом и плазмоцитни дискразии. Се аплицира интензивна хемотерапија според современи протоколи за третман како и интензивна супортивна терапија која е неопходна кај овие пациенти. 

Наша примарна цел е да понудиме најдобра медицинска услуга за пациентите со цел да се обезбеди квалитет, најдобри тераписки резултати и излекување на пациентите со хематолошки заболувања. Секако постојано сме насочени кон подобрување на стандардот и условите на стационарно лекување, настојуваме да се одржи чекор со најсовремените дијагностички и тераписки процедури и протоколи, да се овозможи интердисциплинарна соработка и постојана едукација на стручниот и техничкиот персонал. 

Во работата на одделот се почитуваат општите човекови права и сите правни прописи регулирани според актите на Етичките комисии при ЛКМ, МЛД и МФ во Скопје.