НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ЛЕКУВАЊЕТО СО ХЕМОТЕРАПИЈА

Борбата со малигната болест преставува еден од најтешките предизвици со кои секој пациент и неговото семејство треба да се соочат во животот.

Тоа е секојдневна 24 часовна посветеност, која го исцрпува и умот и телото.

Хематолошката  малигна болест  може да го погоди пациентот на повеќе начини - самата болест, агресивните третмани кои се користат за борба против неа и несаканите ефекти од тие третманиte.  Справувањето со несаканите телесни ефекти е пропратено со нарушување и на емотивна состојба на самиот пациент. 

Во прилог следи текст кој има за цел да помогне да бидат полесно  разбрани несаканите телесни и емотивни ефекти поврзани со малигната болест и да го насочи пациентот како да го ублажи стресот и полесно да ја преброди целата ситуација.

Промени во апетитот

Не е невообичаено кај пациентите со малигна болест  апетитот да се намали до негово комплетно губење.  Причини за тоа се:

  • Третмани, како хирургија, хемотерапија и зрачење
  • Болка
  • Запек
  • Медицински состојби како што се треска, пневмонија или отежнато дишење
  • Несакани ефекти од одредени лекови
  • Тага или депресија
  • Анксиозност

Подолу се наведени некои мерки до кои пациентите треба да се придржуваат за полесно надминување на промените во однос на апетитот и тоа: 

  • Јадете мали, почести оброци.  Користете  аларм (будилник)  како  потсетување за јадење.
  • Јадете наутро - Тогаш сте природно гладни, значи оброк како прво нешто наутро.
  • Вежбајте со лесни вежби за да го стимулирате Вашиот апетит.
  • Чувајте ја храната блиску до вас. 
  • Пијте хранливи шејкови , протеински оброци или блендирани каши. 
  • Ограничете го внесот на  пржена и мрсна храна. Таа потешко  се вари .
  • Ако сеуште немате апетит, разговарајте со вашиот лекар. Може да ви биде препишан лек кој стимулира апетит.

Промена на вкусот и мирисот на храната 

На пациентите кои примаат хемотерапија може да им се смени вкусот и мирисот, што може да го отежне јадењето. 

Подолу се дадени неколку совети кои ќе им помогнат на пациентите да храната сепак им биде попривлечна:

  • Пијте многу течности. Користете овошје или билки за поубав вкус на водата. Пробајте да пиете и безкофеински билни чаеви или сокови од ѓумбир.
  • Грижете се за устата. Измијте ги забите и јазикот по секој оброк. Исплакнете ја устата пред јадење со раствор од ¼ лажичка сода бикарбона растворена во половина чаша вода 
  • Лимон или замрзнато свежо овошје (грозје, диња или портокал) може да помогне во чистење на непцето пред  јадење.
  • Користете и  гума за џвакање (без шеќер) , пеперминт или капки од лимон.
  • Ако имате метален вкус во устата, користете пластичен прибор за јадење и избегнувајте конзервирана храна, маринирани и готвени меса во слатки сокови, сосови, овошје, кисели преливи или вина.
  • Вклучете други извори на протеини во вашата исхрана, како што се риба, јајца, грав, ореви, млеко, сирење, јогурт, тофу, путер од кикирики и протеински прав.
  • Ако храната која се конзумира има повеќе солен или горчлив вкус, може да ви помогне ако додадете мед, агава, јаворов сируп или џем на храната.
  • Ако храната која се конзумира е со сладок вкус, додадете лимон, оцет или балсамико и зголемете ги солените или киселите вкусови.
  • Обидете се со зачини што вообичаено не ги јадете.
  • За да се намали мирисот на храната, јадете ладна храна или храна на собна температура. Пробајте и со супи. Избегнувајте да престојувате во соби во кои се готви храната.

Промени на телото 

Речиси секој пациент поминува низ период на грижи поради промените низ кои поминува неговото тело. Многу  значаjни се дополнителната поддршка и упатствата кои може да ви помогнат да се справите со овие проблеми.

Сликата за телото е повеќе од тоа како вие гледате на вашиот изглед. Таа се однесува и на начинот на кој гледате, мислите и чувствувате за сите аспекти на вашето тело и начинот на кој тоа функционира.

Сликата за вашето тело може да се смени со текот на времето и е под влијание на она што го доживувате во моментот. 

Иако може да има значајна разлика помеѓу тоа како гледате на вашето тело и како другите го доживуваат, вашите лични ставови и чувства за вашето тело се она што е важно.

Болеста и нејзиниот третман може да го сменат изгледот и начинот на кој функционира  телото на пациентот.

Најчесто пациентите се загрижени поради појава на:

  • Лузни / изобличување
  • Потечени екстремитети (лимфедема)
  • Дисколорација на кожата
  • Губење на косата
  • Губиток на забите
  • Сензорни промени (невропатија)
  • Болка
  • Замор
  • Инконтиненција на дебелото црево / мочниот меур
  • Сексуална дисфункција
  • Губење на тежината или добивка
  • Губење на мобилноста
  • Промени во говорот, голтањето, видот или слухот
  • Губење на раката или ногата
  • Користење на протеза

Како резултат на ваквите промени, пациентите може да страдаат од депресија, анксиозност, повлекување и социјална изолација. Многу пациенти, и машки и женски, не сакаат да зборуваат за вакви лични и приватни прашања, дури и со најблиските.  Клиниката за Хематологија – Скопје и нејзините лекари се тука за сите ваши прашања и недоумици. 

Хемотерапија и губење на косата

Зошто хемотерапијата предизвикува губење на косата?

  • На голем дел од пациентите кои примаат хемотерапија им опаѓа косата. Лековите за хемотерапија ги уништуваат и брзорастечките клетки во телото бидејќи не можат да ја препознаат разликата помеѓу клетките на ракот и другите клетки кои нормално растат брзо и се обновуваат. Таков тип на клетки се фоликулите на косата. Како резултат на тоа пациените кои примаат хемотерапија ги губат влакната низ целото тело.
  • Дали ќе се појави губење на косата зависи од видот и дозата на хемотерапевтикот. Прашајте го вашиот лекар како вашиот третман со хемотерапија ќе се одрази на со губење на косата, за да можете да бидете подготвени.
  • Губењето на косата од хемотерапијата обично започнува од 7от до 21от ден по започнувањето на терапијата. Многу е важно дека косата повторно почнува да расте по завршувањето на третманот. Некои луѓе почнуваат да ја губат косата за време на третманот. Времето потребно за повторно растење на косата може да варира од 3-12 месеци. Понекогаш новата коса ќе има различна текстура (виткана а претходно права...) или боја.

Справување со губење на косата од хемотерапија

Иако губењето на косата од хемотерапијата не може да се спречи, сепак постојат механизми кои помагаат пациентите полесно да се справат со новонастанатата ситуација:

  • Размислете за скратување (шишање) на вашата коса или комплтено шишање на истата, кога ќе започне да паѓа
  • Користете благи шампони и меки четки за коса
  • Избегнувајте сушење со фенови, пегли за коса и други топли апарати
  • Заштитете ја главата од сонцето со капи, шапки  или крем за сончање
  • Бидете креативни! Користете шарени марами, турбани или капи. Бидете сигурни само да не се премногу тесни или иритирачки за вашата глава.
  • Периките се опција, иако добрите и квалитетни перики може да бидат скапи. Проверете во здруженијата на пациенти  каде постојат и донации на истите.(линк до здружение)

ЛИЧНА ПРИКАЗНА – КАКО ДА ПОСТАПИТЕ СО ВАШ ПРИЈАТЕЛ/КА КОЈ/А ЈА ЗАГУБИЛ/А КОСАТА

Како да се поддржи пријател/ка 

Кога некој Ваш пријател/ка се лекува со хемотерапија, веројатно ќе минете низ многу специфични ситуации со кои се соочува пациентот. Едно такво искуство е и губење на косата од хемотерапија.

Очекувано е дека пријателите сакаат да им помогнат и да им бидат подршка на пријателите кои ја губат косата. Еве неколку совети како да помогнете најдобро :

1. Разбирање и сочувство со неговата или нејзината тага.

Сведоштво: “Кога започна да ми опаѓа косата, на полвина од лекувањето со хемотерапијата , на некој начин  бев  загрижена што ќе бидам без коса . Но, тагата што ја почувствував беше уште поинтензивна. Се борев со мојата тага.  Загубата на косата беше реална и болна. Ми требаа пријатели да ме разберат и да ми ја признаат загубата и емоциите што ме прогонуваа. “

Можете да го/ ја поддржите вашиот/ата пријател/ка со сочувство за неговата/нејзината тага, признавајќи ја неговата/нејзината загуба и допуштајќи  да знаат дека е во ред  да тагуваат.

2. Подгответе се да одговорите со поддршка кога ќе го/ја видите вашиот/ата пријател/ка

Пред губење на косата, Вашиот/ата пријател/ка можеби нема да ви изгледа болен/на. 

Но, искуството говори дека е навистина вознемирувачко кога прв пат ќе видите некој кој ја загубил косата. Тоа е емотивен удар  за вас и природно е да се чувствувате вознемирено поради Вашиот/ата пријателка. И тој/таа исто така може да се чувствува непријатно  и да се прашува како ќе реагирате.

Во текот на оваа прва средба, обидете се да одговарате на емоциите на Вашиот/ата пријател/ка. Ако плаче, плачете со него/а. Ако  е оптимист и сака да делува нормално,  насмевнете се и следете го нејзиното/неговото водство.

Ако сте загубиле некој што се борел со малигна болест, гледајќи го губењето на косата од Вашиот/ата пријател/ка, можат да бидат предизвикани и вашите болни сеќавања. Важно е да се подготвите емотивно, така што кога ќе го/ја видите вашиот/ата пријател/ка  да бидете подготвени да одговорите со поддршка и охрабрување. Покажете ја вашата подршка со зборови и постапки, од кои ќе почуствува дека сте со со него/неа во борбата, без оглед на се.

3. Не велите никогаш : "Ќе порасне пак!"

Овие зборови треба да бидат охрабрувачки, но тоа може да се почувствува и како да го минимизирате тоа низ што пациентот минува.  Вистина е, кога Вашиот/ата пријател/ка ќе заврши со хемотерапија , неговата/нејзината коса ќе пoрaсне повторно. Сепак, може да поминат неколку години додека  косата се врати на должината од пред терапијата. 

Кога неговата/нејзината коса расте, може да се промени и квалитетот на косата, кадравата коса може да прерасне во права, а правата коса може да се врати како кадрава. Треба да се биде подготвен/а дека се потребни години за повторно косата да порасне од врвот на главата  до рамената.

Значи, вистина е дека неговата/нејзината коса ќе прасне пак, но тој/таа ќе живее со овој видлив потсетник за својата болест подолго време. Вие треба да му/и ја признаете болката поради таа реалност.

Вашата поддршка прави разлика

Се надеваме дека овие редови ќе Ви помонат како да го поддржите Вашиот пријател/ка кога ќе почне да ја губи косата. Поставувајте прашања и дознајте како се чувствува вашиот пријател/ка поради оваа промена.  Без разлика дали тој/таа покажува шарена перика или плаче додека ја бричи главата, вашиот пријател/ка ќе има корист од Вашето сочувство и грижа.

Периферна невропатија и хемотерапијата

Одредени третмани со хемотерапија може да предизвикаат оштетување на периферниот нервен систем кој е составен од сите нерви надвор од мозокот и 'рбетниот мозок. 

Состојбата се нарекува периферна невропатија и таа вообичаено предизвикува трпнење, жежење, слабост или вкочанетост во рацете и /или нозете. Симптомите зависат од видот и локациите на оштетените нерви. 

Други симптоми на периферна невропатија се:

  • болка или жежење, особено во прстите на рацете или нозете
  • губење на рамнотежата, тешкотии при одењето или чести падови
  • несмасност
  • потешкотии со подигање на предмети или закопчување на облеката
  • болка на лицето/ вилицата
  • губење на слухот
  • губење на чувствителноста на топло и ладно
  • болки во стомакот
  • губење на рамнотежата
  • проблеми со одењето
  • запек

Ако имате еден или повеќе од овие симптоми, веднаш треба да го обавестите вашиот лекар.  Некои лекови може да ја ублажат периферната невропатија, а физикалната терапија може да ви помогне да ја сочувате функцијата.

Што предизвикува периферна невропатија кај пациенти на хемотерапија?

Повеќе фактори можат да предизвикаат периферна невропатија. Таа може да се јави од примена наразлични лекови од групата на винка алкалоиди, платински соединенија, таксани и инхибитори 

Што можат пациентите да направат за да ги ублажат симтомите периферната невропатија?

Ако Вашата невропатија е поврзана со хемотерапија, Вашиот онколог може да одлучи дали е корисно да се намали дозата на хемотерапијата или да се префрли на друг режим на терапија.

Ако е поврзано со дијабетес, често може да го забавите прогресијата на периферната невропатија со подобра контрола на шеќерот во крвта.

Покрај тоа, физичката активност може да помогне со одржување на протокот на крв во погодените области. На некои пациенти им помага и акупунктура.

Понекогаш лековите од групата на антиепилептици, кои се земаат само со рецепт, како карбамазепин и лирика може да помогнат. Третманите со лекови без рецепт  - како ацетил-1-карнитин, алфа-липоева киселина, глутамин, калциум и магнезиум - исто така може да помогнат. 

Задолжително зборувајте со вашиот лекар  пред да се обидете со некој од овие лекови.

Како пациентите со малигна болест можат да го  спречат развојот на периферна невропатија?

Ако имате други здравствени проблеми, како што е дијабетес, што може да ја влоши невропатијата, треба истите правилно да ги контролирате. Ограничете ја употребата на алкохол. Хранете се со внимателно избалансирана исхрана. И се разбира, задолжително  разговарајте со вашиот лекар за   ризикот од развој на невропатија.

Колку долго траат симптомите на периферната невропатија?

Секој случај е приказна за себе. Бидејќи невропатијата е предизвикана од оштетување на нервите, времетраењето во  голема мера зависи од тоа колку добро вашите нерви се опоравуваат. Тоа пак зависи од должината на вашиот третман, степенот на оштетувањето и, во случај на невропатија индуцирана од хемотерапија,  примената доза од лекот.

Најчесто периферната невропатија се ублажува до одреден степен , но кај голем број пациенти никогаш сосем не исчезнува.

Луѓето со периферна невропатија ја губат способноста да чувствуваат болка или екстремни температури во областите зафатени со неа.

Што треба да избегнуваат пациентите со малигна болест и со периферна невропатија за да не се изгорат или да се повредат?

  • Секогаш носете чевли за да ги заштитите нозете од повреда.  Исто така, задолжително прегледувајте ги нозете секој ден за да забележите евентуална појава на рани 
  • Бидете внимателни кога користите остар прибор или целосно избегнувајте го. Исто така, бидејќи невропатијата обично ги нарушува вашите фини движења, бидете внимателни или избегнувајтеда се служите со машини или да управувате автомобил.
  • Пред да ја допрете водата со рацете или нозете, почувствувајте ја водата со дел од вашето тело - како што е долната страна на подлактицата – за да почувствува колку е топло. Исто така избегнувајте користење на електрични перничиња или шишиња со топла вода за затоплување.

Луѓето со невропатија се повеќе склони кон паѓање, бидејќи тие потешко успеваат да ја почувствуваат земјата под нив, особено во темно или во затворен простор. Поради тоа:

  • користете ноќна светлина
  • држите средено околу креветот и не оставајте предмети на подот
  • користете  ги оградите или гелендерите при одење по скали 
  • за капење користете туш со подлога - против лизгање

Невропатијата, исто така, го прави телото повеќе склоно кон инфекција, бидејќи циркулацијата е намалена, а раните не се лекуваат. Поради тоа кожата треба да се негува да биде влажна (употребувајте кремови , бебешки масла ) за да се спречат напукнувањата и последователните инфекции.

Сепак, најважното нешто што можете да направите е да разговарате со вашиот лекар  веднаш штом ќе почувствувате симптоми на невропатија.