НОВОСТИ

Почитувани,

Во името на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, ми претставува  огромно задоволство да споделам со јавноста уште една убава вест, официјален почеток на изградбата на дополнителен просторен капацитет на постојната зграда на клиниката.

Имено, на 14.11.2020  имавме чест претставници на САД, предводени од Н.Е. амбасадорката Кејт Мари Брнз, да ja посетат клиниката и да означат почеток на реализацијата на овој исклучително значаен проект пред се за македонските осигуреници, но исто така и за развојот на единствената хематолошка институција во нашата држава,  Клиниката за хематологија-Скопје.

Финансиската помош обезбедена од САД ќе биде наменета за просторно проширување на капацитетите т.е. надградба на уште еден спрат на клиниката.

Средствата се издвоени од програмата за помош (Humanitarian service of Office of Defense) на US Embassy, Skopje, North Macedonia, во висина поголема од 800.000 американски долари.

Оваа инвестиција е огромно олеснување за секојдневното функционирање на клиниката, ако се земе предвид фактот дека искористеноста на стационарот во последните неколку години е над 100 отсто и секојдневно се бара кревет повеќе. По нејзината реализација, заедно со воведувањето на најсовремените методи за лекување и медицинска грижа, Клиниката за хематологија ќе биде во можност да му служи на македонскиот јавен здравствен систем според најсовремените медицински стандарди. Истовремено, ваквите стандарди овозможуваат да прераснеме во значаен центар за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион. На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50-60 пациенти од нашата земја и 10-15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти.

Во моментите кога светот се соочува и се бори со најголемата здравствена криза во понова историја, уште понагласена е потребата од заштита за хематолошките пациенти,  адекватна дијагностика и лекување на основната малигна болест.

Овој зафат, за мене како раководител на клиниката назначен втората половина од 2017 година, претставува круна на мојот ангажман и целосно заокружување на визијата за клиниката која ја имав поставено пред себе како цел. Морам да нагласам и дека во сиот овој успех покрај мојот ангажман, се вградени и голем број мои лични професионални контакти, препораки и референци од еминентни професори од САД.

Ја користам оваа прилика во името на сите граѓани на Република Северна Македонија да изразам длабока благодарност до граѓаните на САД за ивната силна финасиската поддршка  што ни овозможува македонските здравствени осигуреници да добијат можност за висококвалитетна здравсвена нега и услуга.

Од денес бројот пријатели на Клиниката за хематологија кои покажаа општествена одговорност и ги помогнаа нашите активности е уште поголем.

Ви благодарам на сите кои препознавaте во нас сила која ја менува заедницата на подобро и заради тоа ја помагате нашата мисија. 

Погледнете повеќе                            

Проф.Др. Ирина Пановска Ставридис,

Медицински Директор на ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје

Ќе се прават двојно повеќе трансплантации на Хематологија со донацијата од 800 илјади долари од САД, рече директорката д-р Пановска-Ставридис

Со новиот оддел на Клиниката за хематологија, годишно ќе се помогне на 100 македонски пациенти и 20 од странство, за разлика од досега кога може годишно да се прават по 50-60 трансплантации годишно, рече денеска директорката на Клиниката, д-р Ирина Пановска-Ставридис. Таа заедно со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз и министерот за здравство Венко Филипче ја најавија донацијата од 800.000 долари од Европската команда на Армијата на САД.

Дознајте повеќе
 

 

Преку пет градови и три земји, коскена срцевина за пресадување стигна во Скопје кај 16-годишна пациентка болна од леукемија

На 16-годишна пациентка на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор, а материјалот за пресадување во земјава стигна преку патешествие низ пет градови во Полска и Германија. Директорката на Клиниката проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис вели дека во овие вонредно тешки времиња на пандемија од ковид-19, за нив како професионалци  е огромен предизвик да овозможат непречено одвивање на овие интервенции, иако се  исклучително отежнати комуникацијата, соработката и транспортот на органот, односно матични клетки од периферна крв или свежа коскена срцевина.

Дознајте повеќе
 
Здружението на хематологија на Македонија во соработка со компанијата Takeda oрганизира прв
акредитиран webinar на тема “Најдобри практики за третман на болеста Gaucher”


Вебинарот ќе се одржи преку платформата Webex и е од отворен карактер. Сите заинтересирани учесници
не треба да се регистрираат, потребно е само да ја спуштат
webex платформата на својот мобилен уред или лаптоп, да се регистрираат со име и презиме.


Дознајте повеќе

Клиника за хематологија: За пациентите со ретки болести навреме се обезбедува терапија
Универзитетската клиника за хематологија соопшти дека во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на КОВИД-19,
согласно препораките за работа на Министерство за здравство преземале посебни мерки пациентите со ретки болести навреме да добијат
терапија, а истовремено максимално да бидат заштитени од можна експозиција кон вирусот.

Дознајте повеќе 


Клиниката за хематологија работи со полн капацитет, 24 часа на располагање на пациентите
ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија од Скопје согласно препораките за работа на Министерство за здравство, обезбедува 24-часовен
континуиран третман на пациентите, како и дека стручно-медицинскиот персонал стои на располагање со целото своето знаење искуство
да помогне во ситуацијата со пандемијата со ковид-19.

Дознајте повеќе

antikorupciska.jpg Пановска-Ставридис: Ја охрабруваме Антикорупциска да истражи и да ги затвори сите шпекулации за Хематологија
maticni-kletki-transplant-DETE-1.jpg ЕКСКЛУЗИВНО За првпат во Македонија пресадени матични клетки кај дете од Скопје од тинејџер од Германија
mkd-397954.jpg?itok=qadhnLQ0 Успешно извршена првата несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки
Трансплантација на коскена срцевина на Клиниката за хематологија ќе може да се прави и од несродни дарители. 
hematologija.jpg Европски стандарди на Клиниката за хематологија