ПРИЈАТЕЛИ НА ЈЗУ КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА

“Јазикот на пријателството не е составен од зборови, туку од разбирање.“

ЈЗУ Универизитеска Клиника за хематологија преставува единствена државна и здравствена институција која се занимава со хематолошка дејност во нашата Држава. 

Во периодот од 2006 година, до есента 2017 година, 11 години наназад, здравствените власти на Република Македонија не покажаа елементарна грижа за Клиниката и не инвестираа воопшто, ниту со средства ниту во опрема на истата.  Во тој период на таканаречените “реформи во Македонското здравство”, нашата Клиника беше комплетно запоставена. 

Во истиот период пак, инциденцата на малигни хематолошки заболувања е повеќекратно зголемена. 

Во 2017 година, со стапувањето на должност, новото раководство на Клиниката се соочи со предизвикот за решавање на крупни и сериозни проблеми во инфраструктурата на истата. Условите во кои се лекуваа и дијагностицира пациентите беа  под неопходниот достоинствен минимум и стандардни потребни за една високо стручна здравствена установа. На Клиниката протекувше кровот во амубалнтно-поликлиничкиот дел кој е сместен во монтажна барака со азбестен кров и датира од шеесетите години на минатиот век. Во стационарот се распаѓаа тоалетите, мебелот беше расходован, пациентите изложени на сонце без заштита на прозорите, со години наназад не беше ниту бојадисано, ниту детално исчистено. Немаше стандардизиран магацин за аптека.

Клиниката не поседуваше сопствени средства кои можеше да ги инвестира за санација. Имено, основен приход на сопствени средства на јавните здравствени институции се партиципациите, кои нашата клиника според програмата за малигни болести не ги наплаќа, а претходната власт иако имаше обврска да ги рефундира, тоа го немаше спроведено.

Поради тоа, беше покрената донатороска акција, која се уште е во тек, а преку која се обезбеди финансиска помош за реорганизација и реконструкција на Клиниката. Досега се собрани над 3.000.000,00 денари. 

Горди сме што можеме јавно, на нашата веб страница да им се заблагодариме на сите компании кои со години  соработуваат со Клиниката и се вклучија во оваа акција, а особено сме благодарни на  дел од оние фирми кои се покажаа како општествено-одговорни и несебично ни помогнаа.

Платинести пријатели:

Златни пријатели:

  1.  

Сребрени пријатели:

  1. Елимпексфарм

Пријатели:

  1. Тератрејд